Ликовен перформанс се одржа синоќа крај кејот на Кочанска Река наспроти ЦК „Бели мугри“ во Кочани. Овој настан насловен „Арт варијации“ е дел од програмата на „Петровденските конаци 2015“.
На перформансот во различни техники работеа и сликаа Никола Брадиќ од Блаце, Србија, Мирослав Трендафиловски од Куманово, Марија Алексиќ и Невена Стефановиќ од Ниш, Србија, како и членовите на Училиштето за цртање и сликање Љупка Коцева, Ангела Иванова, Каролина Николова, Снежана Зашова со нивниот ментор Александра Димитрова.