Членовите на Училиштето за сликање и цртање на ЦК „Бели мугри“ синоќа се претставија со изложбата „Флора и фауна“. Фоајето на Националната установа од Кочани беше полно со посетители, кои го погледнаа она што го имаат направено младите уметници.
Изложбата се состои од 106 цртежи, работени три месеци. Дел од овие творби се наградени на конкурси на кои учествувале, а менторот Александра Димитрова на наградените автори им додели признанија.
Изложбата беше збогатена со музички настап на Ангела Ајтовска, Нора Дамјанова и Кети Зашева.
Претсавникот на ЦК „Бели мугри“, Гбриела Стефановска, на чинот на отворањето на овој настан од културата, порача дека тие и понатаму ќе биде подржувачи и покровител на работењето на Училиштето за сликање и цртање. Во името на Установата под чија закрила се едуцираат во Училиштето за сликање и цртање, таа, на младите уметници им посака уште многу дела и многу изложби и награди.
Изложбата „Флора и фауна“ промовирана синоќа, за пошироката јавност ќе биде отворена во наредните две недели.