Долгометражниот македонски игран филм „Децата на сонцето”, роботен според сценарио на Гордан Михиќ и во режија на Антонио Митрикески, наскоро ќе биде прикажан во ЦК „Бели мугри“ во Кочани.
Ова е третиот игран филм на Митрикески, по „Преку езерото“ во 1997 година и „Како лош сон“ во 2003 година.
Во „Деца на сонцето“ играат: Ивана Павлаковиќ, Кире Ѓоревски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Милица Стојанова, Билјана Таневски, Данчо Чеврески, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Мартин Мирчевски, Емир Хаџихафизбеговиќ…
Филмот е работен според сценарио на Гордан Михиќ, а го монтираше култниот Андрија Зафрановиќ. Продуцент на филмот е Дејан Милошевски. Автор на музиката е Влатко Стефановски, кој во филмот глуми и епизодна улога. „Деца на сонцето“ е копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Словенија и Србија. Сепак, најголемиот дел од средства се обезбедени од Филмскиот фонд на Република Македонија, а другите држави влегуваат во овој проект како малцински. Речиси сите локации каде што се одвивало снимањето се наоѓаат покрај Преспанското Езеро.
Филмот „Деца на сонцето” е љубовна приказна во која главни ликови се Ангела и Марко. Дејствието се случува на периферијата на едно мало гратче крај Преспанското Езеро.
Проекциите на филмот на Антоние Митрикески во кино-салата на ЦК „Бели мугри“ во Кочани ќе се случат во текот на наредната недела, за што ќе има дополнителни информации.