Од 1977 година, Домот на културата, односно Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани е средиште на домашниот, а во последните неколку години и на меѓународниот драмски аматеризам, ДАФ – Кочани. Како резултат на определбата, најмладите генерации да добијат информации и мотив за организирање на слободното време низ детска театарска игра и забава, во 2008 година го поставивме патот на Драмскиот детски фестивал, ДДФ. Фестивалот вообичаeно се одржува секоја година во месец април.

Рамките ги поставивме нешто подалеку од Кочани, да ги прибереме актерските креации на децата од другите поблиски средини. На фестивалот вообичаено се поканети основните училишта во населбите по средното и горно течение на реката Брегалница. Фестивалот има натреварувачки карактер, се доделуваат неколку награди меѓу кои и најпрeстижните, режија, машка и женска улога и најдобра претстава во целина – Гран-при.

Најдобри претстави:

2008 година

ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово

„Бегалка “, текст:  Васил Иљоски

ментор: Јелица Аждерска

2009 година

ОУ „Кирил и Методиј“ – Кочани

„Заспаната убавица“, текст: Браќа Грим

ментор: Лилјана Јованова

2010 година

ОУ „Климент Охридски“ – Облешево

„Градина на малите богови“, текст:  Томе Арсовски

ментор: Љупка Стојменова

2011 година

ОУ „Синиша Стоилов“ – Зрновци

„Сомнително лице“, текст: Бранислав Нушиќ

ментор: Далиборка Милосјова

2012 година

ОУ „Климент Охридски“ – Облешево

ПУ „Мирче Ацев“ – Кучичино

„Мајки“, адаптација на текст: Григор Прличев, Зија Диздаревиќ и Ката Мисиркова-Руменова

ментор: Љупка Стојменова

2013 година

ОУ „Гоце Делчев“ –Виница

„Ај да си речиме уште една“,

ментор: Мара Јованова