Триесет и пет слики во акрилик и масло на платно од синоќа се наоѓаат во Фоајето на ЦК „Бели мугри“ во Кочани…

…Станува збор за изложба од Данчо Атаносов, ликовен уметник од Кочани, кој на овој начин го одбележува јубилејот триесет години творештво.
„Ова е моја втора самостојна изложба во Кочани. Импресиониран сум од интересот на публиката. Од стотина колку што имам во моето депо, за оваа прилика одбрав триесетина кои се различни и тематски и според димензиите, но, мислам, убав начин го отсликуваат она што сум го работел сиве овие години и за што сум се жртвувал“, рече Атанасов пред посетителите во Националната установа во Кочани.
„Годинава нашата програма е ориентирана кон творештвото на самостојни автори“, изјави директорот на „Бели мугри“, Коце Стојменов, откако ја отвори изложбата на кочанскиот ликовен уметник.
„Нашата тенденција е да отвориме простор за она што авторите ги работата сами и потоа го излагаат самостојно, не само на полето на ликовната уметност, туку и во областа на книжевноста, драмската уметност, музиката…Предност имаат авторите од Кочани, како Данчо Атанасов. Простор ќе имаат и оние што потекнуваат од Кочани, иако во моментов живеат и творат на друго место“, додаде Стојменов.
Изложбата „Триесет години творештво“ на Данчо Атанасов че биде достапна за публиката до 26 мај.