Национална установа- Центар за култура “Бели мугри” – Кочани
Ве известува дека на 28.11.2017 (вторник),
место: мала сала
со почеток од 12:00часот ќе се реализира
Едукативно – креативна работилница
“Твориме заедно за Кочани”. 


Овој проект едукативно – креативна работилница е замислен како креативно создавање и работење во техниката декопаж, која се појавува како нова техника. Учесници на оваа работилница се талентирани ученици, каде на оваа ликовна работилница ќе имаат можност преку изработка на најразлични предмети во оваа техника декопаж, да ја развијат и покажат својата умешност и креативност. Преку едукативните предавања и демонстрации кои тековно ќе бидат спроведени и реализирани, учениците полесно ќе осознаат за техниките и начините на изработка на оваа техника кои во исто време добиваат уметничка вредност и значење.


– (проект финансиран од Министерство за Култура на Р. Македонија.)