НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ 26.01.2018.ГОД.( петок )

„Сцена“ Влезница: 50 денари

Гостување на ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ЕНЦИ-МЕНЦИ ОДДЕЛЕНЦИ

НУЦК “АЦО ШОПОВ ” – ШТИП

Авторски проект на: Трајче Кацаров

Играат: Ана Марковска, Тања Митева, Росана Бадева, Кристина Лазова, Соња Пилатова, Борче Манев, Стефан Михов, Јаков Трајанов и Трајче Јованов

Кореографија: Благој Џоџев

Музика и музичка илустрација: Ефтимија Јованова

Енци-Менци Одделенци е претстава за деца и млади во кои доминира, или може да се каже дека фабулата е целосно подведена на лирскиот елемент. токму тие, ритмички издржаните песни, во кои римата ја дава потребната звучност на стиховите го градат сценскиот агон.

Приказната е разбирлива зашто во драмската структура се застапени сите потребни елементи кои што ја чинат цврста.

Главниот лик Стило, е во годините во кои меморијата го враќа во детството, во времето кога го доживува задоволството од звукот на училишното ѕвоно, другарството, првите успеси и порази на љубовен план.

Сеќавајќи се на своите соученици стило создава кротки портрети кои почнуваат од прекарите на одделенците добиени на основ изгледот, карактерот, желбите за докажување, лидерство и слично, а завршуваат со скриените симпатии кон оние од спротивниот пол.

За Енци-Менци Одделенци, може да се каже дека е претстава за секој и за секаде, односно за сите возрасти, почнувајќи од оние кои штотуку зачекориле помеѓу школските клупи па до оние кои со училишните теми и дилеми се соочувале пред половина век и повеќе.