Изложбата „Кумановски графичари 2013“ од вчера е изложена во ЦК „Бели мугри“ во Кочани. Дваесетте дела на академските графичари……Зоран Јакимовски, Магда Величковска, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Тоневска, Валентина Илијевска и Симона Јакимовска во фоајето на кочанската Национална установа ќе бидат достапни за публиката до 15 март.
„Шесте изданија кои биенално беа претставувани пред македонската ликовна публика потврдија дека во Куманово постои графичка ликовна сцена којашто живее непрекинато. Потврда за тоа се позитивните критики што беа слушнати од пошироката публика и ликовната критика не само во Куманово, туку и во другите градови каде што оваа изложба гостуваше“, рече на отварањето на овој настан од културата во Кочани на 27 феруари, Роберт Цветковски, историчар на уметноста во ЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово, установа која е координатор и носител на проектот, кој е подржан од Министерството за култура.
Изложбата „Кумановски графичари 2013“ ја поздрави и ја прогласи за отворена Коце Стојменов, директор на ЦК „Бели мугри“ од Кочани.