16.11.2017год. (четврток) со почеток од 12:00ч.
САЛОН ФОАЈЕ 1 во НУЦК „Бели мугри“ – Кочани

ќе биде отворена ИЗЛОЖБАТА од 24-та по ред Меѓународната детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“. Ликовна колонија во Кратово траеше пет дена, а во неа учествуваа дваесет и осум млади уметници и пет ментори од Македонија (Прилеп, Кочани, Н.Село -Струмица, Пробиштип, Кратово и Куманово), како и гости од соседна Бугарија (Софија). Учесниците заедно со своите ментори работеа на теми од „Староградска архитектура на Кратово“, кулите, мостовите и останатите градби карактеристични за овој град.

Ликовната колонија е во организација на Домот на културата „Лазар Софијанов“.

Промоција на книгата ” Македонско книжевно наследство од Кратово “- на авторот: м-р Драган Георгиевски.