Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и руската државна агенција Россотрудничество со поддршка на Град Скопје и Музеј на Град Скопје и Националната установа- Центар за култура “Бели мугри” – Кочани организира изложба „Москва Денес“. Изложбата која се базира врз основа на официјалните фотоматеријали доставени од страна на Град Москва го одсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина. Во експозицијата се претставени реновирани знаменитости по кои што е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, а исто така можностите за развој на туризам, спорт, образование и култура кои ги нуди еден од најголемите градови на Земјина топка.
Настанот се одржува во рамките на одбележување 24 година од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Руската Федерација и Република Македонија.
Изложбата ќе биде отворена на 23.04.2018 година во Салон фоаје 2 со почеток од 12:00часот во НУЦК “Бели мугри” – Кочани, истата ќе трае до 04/05.2017година.