Во Салон фоаје 1 во Национална установа Центар за култура Бели мугри Кочани на 28.01.2020год. Во 12:00часот беше отворена изложбата на дела од 26та Меѓународната младинска Ликовна колонија “Лазар Софијанов” од Кратово. На изложбата се поставени 25 цртежи и 21 платно работени во повеќе техники. На самата колонија имат земено учество 25 млади творци и 4 ментори од Кочани, Ново Село Струмица, Велес, Скопје, Кратово и од Куманово. Од Кочани учествуваа учениците Маја Василова која освои второ место и Димитар Арсов. Учениците како и своите ментори секој на свој начин го имаат претставено градот Кратово и околината кој изобилува со прекрасни мостови, староградска архитектура, прекрасните цркви и културно историските знаменитости. Со оваа изложба се докажува и веќе долгогодишната соработка помеѓу НУЦК “Бели мугри ” Кочани и Домот на културата “Лазар Софијанов” Кратово.