Во изложбениот салон Фоаје 2 на Националната установа – Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани, на 13.12.2019 година (петок) со почеток од 12:30часот ќе биде отворена изложбата на дела од Меѓународната ликовна колонија „Карпино 2019“.

Во Куманово оваа 2019 се одржа уште еден културен настан, предвиден во Програмата за одбележување на Јубилејот 500 години од постоењето на Куманово-Меѓународна ликовна изложба „Карпино 2019“, во организација на Мултимедијалниот центар „Карпино“-Куманово.Оваа година учество имат земено 15 уметници од Италија, Хрватска, Црна Гора, Србија и уметници од домашната сцена, кои имаат изработено 40 дела. Уметниците имаат работено во техника акрил и масло на платно, како и комбинирана техника.

На изложбата од колонијата публиката ќе може да ги види делата на: Новак Новаковиќ-“Мајка Божја”, Мики Трендафиловски-“Во име на Карпино”, Христина Стојчевска-“Карпински манастир”, Светозар Тасиќ-“Камени кукли”, Томе Мишев-“Идилична приказна”, Александар Радовиќ-“Мистика”, Анита Моноскалко-“Лејди”, Дејан Божиновски-“Женственост”, Наташа Радосављевиќ Нара-“Поетика”, Марина Радуловиќ-“Детал од пејзаж”, Владимир Темков-“Игра”, Леа Чеч-“Драж”, Александар Таневски-“Универзум”, Валентина Илијевска-“За Карпино”.

Оваа изложба е организирана од страна на Мултимедијалниот центар „Карпино“ и Општината Куманово, во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Ве покануваме да ја погледате изложбата!
Со почит,
НУЦК “Бели мугри”-Кочани