На 30.08.2017 г.,(Среда) во 19.30 часот, Салон Фоаје 2 во Националната установа – Центар за култура “ Бели мугри ” – Кочани беше отворена изложбата: „Живот во бои 2 “ на авторката м-р Андријана Мациев од Скопје, поставката ќе трае до 20.09.2017 г. На изложбата се поставни 15 сликарски платна – дела во кои е прикажано ликовното доживување на бојата. Меѓу другото оваа изложба е дел од вториот циклус насловен “Живот во бои 2”, каде авторката го прикажува своето ликовно истражување во бојата.

Андријана Мациев,родена 16.09.1980 во Скопје. Средно образование завршува во Училиштето за применета уметност Лазар Личеноски во Скопје,а дипломира на Факултетот за Ликовни уметности во одделот графика во класата на проф.Димитар Малиданов.
Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија.
Член на Здружението Широка Стаза од Земун
Изложува самостојно и учествува на повеќе групни изложби,манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од државата.
Добитник е на повеќе награди.