рајан Трајковски е роден 26.10.1945 година во с.Новосељане , Куманово. Завршил Правен факултет во скопје 1978 година и Педагошка академија , група Ликовно воспитување во Скопје 1966 година и Учителска школа “ Професор Мијалковиќ“ во Куманово.
Основите и љубовта кон ликовната уметност ги добива во учителската школа во ликовниот кружок од професорот Кирил Караџа и Велимир Ковачевски . Студиите на Педагошката академија ги завршува во класата на Вангел Коџоман и Ванчо Горгиев .
Со ликовна уметност се занимава повеќе од 50 години , а изложбени активности од крајот на деведесеттите години на минатиот век преку групните изложби на Кумановски ликовни уметници на кои редовно учествува до денес (1998 – 2017) .
Прва самостојна изложба во 2009 година во Куманово во Уметничката галерија со цртежи со туш на тема “Стара селска архитектура “. Учествувал на ликовни колонии во Р.Македонија и соседните земји и тоа :
2009 – Прилипац , Р.Србија ( XIV )
2010 – Прилипац , Р.Србија ( XV )
– “Куманово “ 2010 ; Куманово ( Пелинце )
2011 – Прилипац-2011- Р.Србија ( XVI )
– Карпино 2011 – Куманово
– Зебрњак , Куманово
2012 – Македонска икона , Куманово
2013 – Перформанс во Кочани , Р.Македонија
– Балкански извори –Вршец, Р.Бугарија
– Банско , Р.Бугарија
2014 – 46 лик.колонија “ Делиблатски песок“ Панчево , Р.Србија
2016 – 48 лик.колонија “ Делибатски песок “ Панчево , Р.Србија
– „ Куманово – 2016“ , Пелинце, Куманово
2017 – Карпино и “Стари поток“ – Пехчево