Во Центарот за култура „Бели мугри“ во тек е изложбата на дела работени од членовите на  Училиштето за цртање и сликање, кое е составен дел од Националната установа од Кочани. Изложбата е насловена „Витраж“ и има продажен карактер. Собраните средства се наменети за Методи Митев, триесесет и тригодишно момче од Кочани, кому му е потребно лекување во Кина. Во првите неколку дена од отворањето, продадени се повеќе од половината од изложените слики и цртежи. Изложбата е поставена во Фоајето на “Бели мугри“. Пред публиката ќе биде до 10 февруари. Вратите за посетителите се отворени секој работен ден од 8 до 19, 30 часот.
Свечениот чин на отворањето на овој настан се одржа на 27. јануари во вечерните часови, а љубителите на ликовната уметност од градот го наполнија Фоајето.
Она што го создале младите сликари, пред гостите го претстави раководителот на Училиштето за цртање и сликање, Александра Димитрова. Директорката на ЦК „Бели мугри“, Кристина Атанасова Арсова, ги поздрави гостите и им се заблагодари за присуството.
Методи Митев, за кого се наменети средствата од продажбата на сликите и цртежите, беше дел од од овој настан од културата, од хуманитарен карактер.