Во Национална установа- Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани на 13.12.2017 година ( СРЕДА ) ќе биде отворена изложбата со делата на 54. Меѓународна Струмичка ликовна колонија.

Во периодот од 1-12 август, 18 ликовни уметници од Македонија, Полска, Чешка, Бугарија, Србија, Црна Гора и Турција имат создадено над педесет дела од кои дел ќе бидат поставени во САЛОН ФОЈА 2 на изложбата пред љубителите на ликовната уметност.
На Меѓународната струмичка ликовна колонија твореле и великаните на македонското сликарство, Пандилов, Мартиновски, Владимирски, Наумовски, Кондовски, Мазев, Чемерски и други, што за организаторите, претставува особена гордост.