16 МАЈ 2019 ( четврток ) со почеток од 20:00часот во Салон фоаје 2 во Национална установа – Центар за култура “Бели мугри – Кочани ќе биде отворена
ИЗЛОЖБА насловена “УРБАНИ ПЕЈЗАЖИ”
на Нада Ѕмбова Донева , Изложба на која ќе бидат претставени дваесетина дела работени во техниката акрилик на платно.
Нада Ѕмбова Донева е родена на 03.01.1970 год. во Штип.
Завршува студии по биологија на ПМФ, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 1995 год.
Работи како наставник по биологија во Кочани во ОУ „ Св. Кирил и Методиј“. Како наставник и обучувач учествува и организира неколку работилници, учествува на меѓународни конференции, а од 2017-2019 год. е и ScientixАмбасадор за Македонија. Долги години имала и сопствена фирма каде се занимавала со модата и дизајнот.
Потребата да се изразува во различни области на уметноста, пред неколку години и отвара нови хоризонти, каде што почнува активно да се занимава со сликарство.
Живее во Кочани,

www.instagram.com/nadadzmbovadoneva_art
https://www.facebook.com/Nada-Dzmbova-Doneva-Art-654912514963567/