5 quintet

Вторник, 12 ноември, 2019 во 19 часот.

4 години низ македонските концертни сцени, со висок професионализамдејствува Пет квинтет (5 quintet), камерен ансамбл кој зрачи со изненадувачки вдахновена музичка интерпретација, која по сите критериуми е својствена и блиска на светските критериуми. Во него музицираат петмина големи мајстори на звукот,Наташа Димовска -обоа, Јана Каевска -флејта, Никола Мицевски-кларинет Филип Каревски-фагот и Никола Трајковски-хорна. Овој камерен состав во својот извонредно богат репертоар изведува дела од сите епохи на светската музичка ризница, почнувајки од старите мајстори на ренесансата и барокот, па се до современите авангардни композиторски имиња на музичкиот модернизам. Тука посебно место им припаѓа на македонските композитори. Овие дела членовите на квинтетот ги доживуваат и изведуваат со посебно чувство и со голем и искрен респект кон македонското творештво.

Настапите на квинтетот се многубројни кои се помнат и остануваат во меморијата на публиката. Неговото брилијантно и ретко музикално свирење е забележано со ласкави зборови од стручната критика.