Утре во 12.30 часот во фоајето на Центар за култура Бели Мугри” во Кочани ќе биде отворена изложбата на графики насловена “Кумановски графичари 2013″.

Се работи за биенален проект кој има за цел да го претстави актуелното графичко творештво на кумановските академски графичари. Оваа година учествуваат Зоран Јакимовски, Магда Величковска, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Тоневска, Валентина Илијевска и Симона Јакимовска.

Координатор и носител на проектот е Центар за култура „Трајко Прокопиев” од Куманово.
Изложбата веќе е промовирана во Куманово и во Кратово, а во Кочани ќе престојува до 15 март.