Во НУЦК “Бели мугри” – Кочани , салон фоаје на 21.09.2017 година од 11:00ч до 14:00ч беше реализирана ликовна работилница СЛИКА НА СТАКЛО – Витраж, во реализација на академски сликар Владимир Темков од Кавадарци. На оваа работилница учество земаа талентирани ученици, а присуствуваа ученици од ОУ”Кирил и Методиј ” – Кочани, во организација и координација со својот ментор по ликовно образование Марија Мицова Гацова.