„Медена земја“, најнаградуваниот македонски документарец и годинешниот македонски кандидат за „Оскар“ на 18ти, 19ти и 20ти октомври ќе се прикажува во Кочани!“

„Медена земја“ е потресен документарец за начин на живот што исчезнува… Документарецот кој освои три награди на годинашниот „Санденс“, благородно поттикнува на коегзистирање, за животот во деликатна рамнотежа со природата. Но, исто така станува нешто повеќе: застрашувачка слика на тоа колку брзо и лесно може да се наруши тој баланс.“ напиша филмскиот критичар Џастин Ченг за едно од најпознатите светски списанија – „Лос Анџелес Тајмс“ (Los Angeles Times).
https://www.latimes.com/entertainment-arts/movies/story/2019-07-25/honeyland-review-documentary-beekeeper

Филмот досега освои 18 меѓународни награди и учествуваше на повеќе од 50 светски филмски фестивали е во трка и за најдобар документарец на Европските филмски награди.

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“

По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!

Времетраење: 85 мин.
Режисери: Љубо Стефанов и Тамара Котевска
Сниматели: Фејми Даут и Самир Љума
Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев
Музика: „Фолтин“
Протагонисти: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер Сам…
Жанр: Документарен
Возрасна категорија: Сите
ВЛЕЗНИЦИ: 100 мкд