Отварање на изложбата

Петок, 16.03.2018

во 19:30 часот

Меѓународната ликовната колонија „Карпино“ e меѓу помладите ликовни колонии кои се одржуваат во рамките на нашата држава. Но, и покрај тоа веќе прослави јубилеј од 15 години активно творештво. Учество притоа зедоа уметници од соседните држави, како Република Србија, БиХ, Бугарија, Полска, Романија и се разбира нашите македонски локални уметници и драги колеги од останатите градови од државата. Меѓународната ликовна колонија „Карпино“ се одржа во периодот од 6-13 јули 2017 во просториите на ресторан „Грација“во Куманово. До пред неколку години истоимената колонија се одржуваше во манастирот Карпино, чие име го носи и самата колонија. Идејата беше, заедно со уметничкиот состав да се допридонесе за подигање на културната свест за негување на националното културно наследство. Мотивите за градење на уметничките дела беше директно црпена од опкружувањето и самата атмосфера на манастирскиот комплекс. Како одминуваше времето, ликовната колонија го задржа името „Карпино“, а местото на одржување се премести во урбаните средини. На тој начин, ликовната колонија се здоби со интерактивни дисциплини, вклучувајќи ги вечерите на поезијата посветени на уметникот и актерот, основачот на оваа идеја Драгиша Димитријевски-Шипе. Покрај тоа, се одржуваат и театарски вечери, вечери исполнети со музика, додека пак денот е посветен на уметноста и рекреација со посета на знаменитости и на манастирот Карпино. Од делата кои се изработени во текот на седмичната ликовна колонија, секоја година по повод и во чест на ослободувањето на градот Куманово на 11 Ноември се отвара изложба во просториите на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово. По завршувањето на истата, изложбата патува во неколку градови, како Кочани, Виница и други локации. Меѓународната ликовна колонија е предводена од Мултимедијалниот центар „Карпино“ со претседателот г-н Зоран Павловски, техничката подготовка и реализација е на уметникот Мирослав Величковски-Мире и уметничкиот раководител м-р Валентина Илијевска. Колонијата се одржува заедно со подршката од ресторан „Грација“ и Општина Куманово. Со почит Уметнички раководител М-р Валентина Илијевска.