Инсталација на нов мозаик во Кочани
во рамките на проектот
“Мозаик – соработка во традиција, и современо живеење”

Здружението на граѓани “ Добредојде Маседониа Велкам Центар во склоп на проектот манифестацијата „Нов културен бран“ во 2017 година во соработка со Министерство за култура и Н.У. – Центар за култура „Бели мугри “ Кочани, работи на реализација на проект “ Мозаик – соработка во традиција и современо живеење “

Локација за авторско дело е одобрена од Општина Кочани.

По тој повод ве покануваме на 6ти Ноември , од 10 до 14 часот 2017година на локација: ТРГОВСКИ ЦЕНТАР – ПАРАПЕТЕН ЅИД ОКОЛУ ТРЕВИНК (спроти кафич “Авангард”) да присуствувате на изработка на мозаикот како промоција на мозаикот како уметност и како занает.

Мозаикот ќе го изработува Блашка Миевa од Скопје дипломиран ликовен уметник- мозаичар (со помош на теалнтираните младинци од НУЦК ”Бели мугри” – Кочани). Со лично вклучување и поставување на парче мозаик секој граѓанин ќе се вклучи во подршка на мозаик и неговите традиции кои ги имаме во наследство, како и врз основа на модерните текови на ова поле .