Седуммина автори од Бугарија се претставија со свои карикатури во рамките на „Петровденските конаци 2015“. Изложбата под наслов „Човек на човека му е карикатурист“… од синоќа е во фоајето на ЦК „Бели мугри“ и таму ќе остане во наредните четиринаесет дена.
Карикатуристите од соседната држава настапуваат како „Г – 7 група на Ѓоргиоски“ со посредство на фондацијата „Ѓоргијоски“, на еден од најреномираните карикатиристи и сатиричари во Македонија, Миле Ѓоргијоски, кој живее во Делчево.