„Ликовен перформанс-минато“ е насловена изложбата што беше синоќа отворена во фоајето на ЦК „Бели мугри“… како дел од настаните на овогодишните „Петровденски конаци“, меѓународна културна манифестација на Националната установа од Кочани.

Изложени се 24 слики работени во 2012 и 2013 година на перформанси што беа дел од „Конаците“ одржани во текот на посочените две години, а кои досега не се излагани.
Ликовниот уметник од Куманово, Мирослав Трендафиловски – Мики изложбата ја прогласи за отворена.
Оваа изложба е само увертира на ликовниот перформанс што ќе се одржи на 8 јули на Кејот на Кочанска Река под наслов „Арт варијации“ со почеток во 20, 45 часот.