Во салонот „Фоаје“ на ЦК „Бели мугри“ на 13 мај (вторник) во 19, 30 часот ќе биде… отворена изложбата со наслов „Триесет години творештво“ на ликовниот уметник од Кочани, Данчо Атанасов.
На изложбата ќе бидат поставени слики што ги изработил авторот во својата триесетгодишна кариера. Изложбата ќе биде отворена до 26 мај.