Во пресрет на новогодишните празници, ЦК „Бели мугри“ настапува со премиера на претстава наменета за најмладите. „Снежана и Дедо Мраз“ во целост е продукциско остварување на Националната установа од Кочани.
Станува збор за текст на Слободан Вукановиќ, режијата е на Силвана Јаневска, актер во „Бели мугри“. Улогите ги играат: Мила Велкова, Мартин Стојанов, Андреј Петров, Стеван Богданов, Мартина Атанасова, Милена Глигорова, Пале Тодосиова, Магдалена Иванова и Нина Андонова, сите членови на театарската работилница на Центарот за култура.
Костимографијата ја направи Александра Димитрова, сонговите ги напиша Благој Николов, тон мајстор е Влатко Мишов, светло мајстор Тони Ѓорѓиев и гардеробер е Љубица Петрова.
Претставата премиерно ќе биде изведена в понеделник (14 декември) во 10 часот. Истиот ден во 12 часот повторно ќе биде одиграна.
Според предвидениот репертоар, „Снежана и Дедо Мраз“ ќе се игра и на 15 (11 часот) и 16 (11 и 12, 30 часот) декември.