Од 26 до 30 август, во околината на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во село Блатец, Виница се одржа првата ликовна колонија во организација на Здружението на уметници УМ, во соработка со Домот на култура „Тошо Арсов“ и под покровителство на Општина Виница. Се создадоа 26 ликовни дела од уметниците – Миливој Симеонов, Дејан Спасов, Катица Алексова, Гордана Вренцоска, Дарко Богданов, Весна Ничевска, Срџан Миќиќ, Виктор Јаневски, Александра Димитрова, Драгана Павловска, Ангела Трајанова, Слаџана Гаврилова и како млад гостин -Нина Савева.