Изложба на карикатури од Меѓународниот фестивал на хуморот и сатирата „Ин Виница веритас 2014“ и промоција на книгата афоризми „Никој не сака да биде плашило“ чиј автор е Миле Ѓоргијоски се двата настани што ќе се одржат на 24 март (вторник) во ЦК „Бели мугри“ во заедничка организација на Националната установа од Кочани и Афористичката репрезентација од Кочани.
Овој настан ќе започне во 19 часот во салонот „Фоаје“ на „Бели мугри“.