Дела работени на 23-та Меѓународна ликовна колонија „Лесново 2014“ од утре (26 февруари) ќе бидат пред кочанската публика. Изложбата ќе биде поставена во Фоајето на ЦК „Бели мугри“, кој е домаќин и организатор на овој настан. Изложбата ќе биде отворена во 12 часот. „Лесново 2014“ е ликовна колонија на ДК „Злетовски рудар“ од Пробиштип. Изминатата година дел од неа биле петнаесетина сликари од Србија, Бугарија и Македонија, кои работеле во техниката масло на платно. Дваесетина слики ќе бидат поставени во Фоајето на „Бели мугри“ и таму ќе останат во наредните 14 дена.