Членовите на училиштето за сликање и цртање на ЦК „Бели мугри“ својата минатогодишна работа ќе ја промовираат со изложба, која е закажана за 31 јануари, сабота, со почеток во 17, 30 часот во Фоајето на Националната установа од Кочани. Изложбата го носи насловот „Флора и фауана“ и се сосотои од осумдесетина цртежи што се изработени од посетителите на училиштето, кое работи под менторство на академскиот сликар, Александра Димитрова. Изложбата ќе биде збогатена со музички изведби на Ангела Ајтовска, Нора Дамјанова и Кети Зашева.