Изложба на дела од ликовниот перформанс што се одржа крај кејот на Кочанска Река завчера ќе биде поставена пред публиката на 5 јули (недела)… во Салонот 2 на ЦК „Бели мугри“. Се работи за настани од деветтото издание на „Петровденските конаци“ кои се во полн ек.
На ликовниот перформанс („Арт варијации“) учествуваа тројца сликари од Србија, еден од Македонија и четворица посетители на Училиштето за цртање и сликање на „Бели мугри“.