В среда, 8 април, во ЦК „Бели мугри“ ќе биде отворена изложбата на дела работени на меѓународната ликовна колонија „Карпино 2014“ од Куманово. Настанот е закажан за 12, 15 часот во салонот – фоаје.
На овогидинешното издание на ”Карпино 2014” учествуваа четириесетина уметници од нашата држава, Бугарија, Србија и Белгија. Колонијата „Карпино“ годинава го доживеа своето 12 издание. Уметниците твореа на мотиви и инспирација од манастирскиот комплекс Карпино кај Куманово, кој датира од шеснаесетиот век.