Изложба на графики од Момчило Аврамовски на 9 јуни (вторник) ќе биде отворена во ЦК „Бели мугри“. Организатори на овој настан се кочанската Национална установа и ЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово.
Изложбата ќе биде поставена во Изложбениот салон на „Бели мугри“, а свеченото отворање е закажано за 12 часот.