На 21 декември Фолклорниот ансамбл „Мугри“ во придружба на Оркестарот за изворни народни песни и ора…  … при Националната установа – Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани одржа Новогодишен концерт. Членовите на ансамблот и оркестарот ги исполнија песните : „Водарки“, „Бела Рада“; „Лична Стојна“, „Осоговка“ и „Љубевме се со едно моме“, како и ората : „Клањарка“, „Осоговска тројка“, „Пајдушко“, „Доце Доце“, а на репертоарот се најдоа и повеќе инструментални изведби.

ФА „Мугри“ го негува изворниот фолклор од Осоговијата, но и работи на поставување на уметничкиот фолклор, во блиска иднина со сопствена кореографија.