Фолклорниот ансамбл „Мугри“ на два меѓународни фестивала на кои учествуваше минатиот месец освои 4 престижни признанија. На 41 издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Долнени осумгодишниот Давид Илиев ја доби првата награда за соло настап на гајда, дванаесетгодишниот Никола Георгиев беше најуспешен на кемане, додека оркестарот ја доби првата награда за групен настап. Од Меѓународниот фестивал во Ќустендил, Бугарија, пак, ансамблот „Мугри“ се врати со прва награда за групна изведба.
Директорот на Центарот за култура „Бели мугри“, Коце Стојменов, најави дека ансамблот до крајот на годината ќе настапи на уште неколку домашни и странски фестивали. Во тек е и возобновувањето на соработката со Нова Варош, Србија и Цетиње, Црна Гора за размена и гостувања на ансамбли.
Паралелно со настапите на фестивалите, ФА „Мугри“ постојано врши упис на нови членови. Оние што се заинтересирани потребно е да се јават во ЦК „Бели мугри“ во чиј состав равоти ансамблот.