Најновиот македонски игран фил „Деца на сонцето“ ќе биде прикажуван во ЦК „Бели мугри“ во Кочани на 14 (вторник), 15 (среда), 16 (четврток), 17 (петок) и 18 (сабота) октомври. Прокциите ќе започнуваат во 20 часот, влезницата чини 80 денари. Проекциите се наменети за лица постари од 12 години. Помладите можат да го погледнат филмот само во придружба на родител или старател.
Режисер на „Деца на сонцето“ е Антонио Митрикевски, а актерската екипа ја сочинуваат: Мето Јовановски, Данчо Чевревски, Милица Стојанова, Александар Миќиќ и др.