Изложба на дела од Меѓународната ликовна колонија „Карпино 2014“ од денеска е пред кочанчани. Вкупно 27 слики се наоѓаат во Фоајето на ЦК „Бели мугри“. „Изложбата претставува избор од она што го создадоа ликовните уметници од Србија, Бугарија, Белгија и Македонија, вкупно 36 слики. Делата се работени во масло на платно и акрил на платно. За разлика од претходните години кога се твореше во манастирскиот комплекс во Карпино и под влијание на црквата ’Пресвета Богородица’, во 2014 уметниците создаваа во ресторанот ’Грација’ на слободна тема“, рече на чинот на отворањето директорот на Мултимедијалниот центар „Карпино“ од Куманово, Зоран Павловски, придружуван од директорот на кочанската Националната установа, Коце Стојменов.
Во Кочани изложбата од „Карпино 2014“ доаѓа после Виница и овде ќе остане во наредните две недели. Потоа сликите на авторите од Македонија, Србија, Белгија и Бугарија се селат во Пробиштип, Кратово и Кавадарци.