Меѓународната детска ликовна колонија „Лазар Софијанов 2014“ од Кратово од денеска е во ЦК „Бели мугри“. Чинот на отварањето се случи во 12, 30 часот, а изложбата е посатвена во фоајето на кочанската Национална установа, каде ќе остане во наредните 14 дена достапна за љубителите на ликовната уметност.
Изложбата претставува избор од 22 дела изработени на 21-то издание на колонијата „Лазар Софијанов“ од млади автори од државата. Меѓу учесниците е и кочанецот Трајче Томов, чија слика е дел од поставката.

За изложбата, зад која продукциски стои ДК „Лазар Софијанов“ од Кратово, зборуваа Живко Крстевски, директор на Домот на културата од Кратово и директорот на ЦК „Бели Мугри“ од Кочани.
Оваа изложба по осми пат гостува во Кочани.