Во НУЦК „Бели мугри“ во Кочани од денеска се наоѓа изложбата на дела од Меѓународната ликовна колонија „Лесново 2013“……која е продукциско остварување на Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип. Колонијата е 22-ра по ред и на неа учествуваа академски сликари од повеќе држави на Балканот.
Изложбата е отворена денеска и се наоѓа во Фоајето на „Бели мугри“, каде ќе остане во наредните две недели. На отварањето зборуваа директорот на ДК „Злетовски рудар“, Тања Стојковска, и директорот на Националната установа од Кочани, Коце Стојменов.