Изложбата на дела работени на 23-та Ликовна колонија „Лесново 2014“, која има меѓународен карактер, денеска е отворена во Фоајето на ЦК „Бели мугри“. На свеченоста, воведниот збор го имаше директорот на Националната установа од Кочани, Коце Стојменов, а за изложените дела и за колонијата зборуваше Тања Стојковска, директор на ДК „Злетовски рудар“ од Пробиштип, организатор на овој традиционален настан, кој во 2014-та се одржа од 7 до 13 јули и на кој, на слободна тема, во Лесновскиот манастир твореле 11 познати уметници од Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора и за прв пат од Русија.

Поставката поместене во Фоајето на „Бели мугри“ се состои од дваесет дела работени во масло на платно. Изложбата ќе биде отворена до 12 март, до кога љубителите на ликовната уметност од Кочани ќе можат да ја посетат и одблизу да се запознаат со она што во Лесново го создале уметниците од петте европски држави.