На 8 јули вечерта на Кејот на Кочанска Река наспроти ЦК „Бели мугри“ се одржа Ликовен перформанс……кој беше насловен „Арт варијации“.
Ликовните уметници Мики Трендафиловски, Милиќ Петровиќ, Јелена Јоциќ, Ива Атанасова, Јована Зашева, Љубка Коцева, Ангела Ајтовска, Петја Цанкова и Севда Потурљам изработија слики во техниката масло на платно, а организаторот овозможи и случајните минувачи да бидат дел од перформансот, поставувајќи платно на кое секој што сакше можеше да наслика нешто.