По повод 18 Мај, Меѓународен ден на музеите, синоќа во ЦК „Бели мугри“ е отворена изложбата „Арт Пирографија“, од Влатко Анчов – Пуцвало…

…уметник од Кочани. Изложбата се состои од тресетина дела на Анчов, кои тој ги изработил во полседните три години. Тој, инаку, е еден од тројцата на Балканот што се бави со пирографија.
„ Пирографија е техника на изработување на дела со огаан. Самото име доволно кажува за оваа уметност. Генерално се работи на дрвена површина, може и на кожа, но тоа се поретки случаеви. Мојата изложба содржи дела со мотиви од православието кое е неисцрпен извор на инспирација. Има и портрети на личности кои некогаш мене во животот нешто ми значеле, како Џими Хендрикс, Че Гевара, Курт Кобеин и нашиот Тоше Проевски. Претходно работев графика, во пирографијата сум релативно од скора, неколку години“, рече на отварањето, авторот на изложбата Влатко Анчов.
Поставката на дела со наслов „Арт Пирографија“ во „Салонот 2“ на ЦК „Бели мугри“ ќе биде отворена за публиката од Кочани до 30 мај. Изложбата е од продажен карактер. Делата на Анчов-Пуцвало се лесно достапни до купувачите. Поради изложбата, нивната цена е е далеку под реалната вредност.