Две изложби беа промовирани синоќа во ЦК „Бели мугри“ како дел од настаните предвидени со програмата на „Петровденските конаци 2015“. Првата, ликовна, на учесниците на перформансот „Арт варијации“ на сликари од Србија и Македонија и на посетителите на Училиштето за цртање и сликање, и втората, графики, на Невена Стефановиќ од Ниш, која беше дел и од ликовниот перформанс. Стефановиќ се претстави со 24 минијатури изработени во малтер. Нејзината изложба го носи насловот „Разговори“.
Мики Трендафиловски и Александра Димитрова, раководител на Училиштето за цртање и сликање, беа промотори на настанот од синоќа, а директорот на „Бели мугри“, Коце Стојменов, на учесниците на „Арт варијации“ од 2 јули им подели благодарници.