Во малата сала на Центарот за култура „Бели мугри“ промовирана е книгата афоризми „За (не)мирен сон“ од Јане Атансов, претседател на „Афористичката репрезентација на Македонија“ од Кочани, која беше организатор на настанот заедно со Националната установа од културата.
Промотор на книгата на Атанасов беше реномираниот сатиричар Миле Ѓорѓијоски, уредник на едицијата „Балканска сатира“, во чии рамки е излезена збирката афоризми „За (не)мирен сон“ од кочанскиот афористичар.