Црногорецот, Сретен Вујовиќ, и неговата трилогија „Ѓаволски голем водач“, преведена на македонски јазик, синоќа беше претставена пред публиката во Кочани, како дел од она што се вели придружна содржини на Детскиот драмски фестивал, чиј домакин и организатор е ЦК „Бели мугри“ од Кочани.
Трилогијата се појави во издаваштво на кочанската Национална установа, без да биде внесена во програмата на Детскиот драмски фестивал, како изненадување за авторот и публиката што го наполни фоајето на „Бели мугри“, што, пак, претставува еден поинаков начин на комуницирање со културната јавност и со ние што творат.
„Јас во Кочани и Македонија не се чуствувам како гостин, туку како домакин. Неколку години наназад доагам овде на разни манифестации. Синоќа, откаков видов што направиле домакините, кога на видео-бимот се појави моето име и насловната на книгата, сакав на присутните да им се обратам на македонски јазик и солзи ми наидоа на очите затоа што не собрав храброст да го сторам тоа, на македонски да се заблагодарам за убавите мигови што ги доживеав“, рече после промоцијата што не беше најавена и која беше изненадување и за него, авторот на трилогијата, „Ѓаволски голем водач“, Сретен Вујовиќ, Црногорец од Цетиње, поет, просветен работник, книжевен критичар и есеист, пријател на луѓето од ова поднебје.
Поезијата на Вујовиќ, прозните трудови, преведени се на англиски, италијански, германски, полски, француски, албански, словенечки, белоруски и сега на македонски.
„Ѓаволски голем водач“ е составена од книгите: „Ѓаволско оро на Велипонеделник“, „Големиот брат“ и „Водач“, кои според предговорот што го има направено Љупка Стојменова, иако обработуваат различни теми, сепак имаат и многу заедничко: остриот јазик на поетот, нештедливоста во разоткривање на многу негативни појави во Црквата, реалното шоу Големиот брат, Водачот.
Преводот, препевот и лектурата на трилогијата на Вујовиќ ги има направено Виолета Танчева-Златева, предговорот Љупка Стојменова, графичкиот дизајн Благој Гранков, Европа 92 ја имаше печатаерската и улогата на помагател во овој роект, зад кој стои ЦК „Бели мугри“ и директорот на оваа Национална установа од Кочани, Коце Стојменов.