Национална установа -Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани, има чест да Ве покани на промоција на стрип – книгата „Кочо Рацин – живот, песни и смрт“. Работена е по сценарио на Ване Трајков, а ликовните илустрации ги подготвил Димитриј Михајловски.
Издавач е Македонскиот стрип центар со седиште во Велес. Делото ќе го промовира авторот Вене Трајков.
Координатор: Габриела
Стефановска( стручен соработник за книжевно – издавачка дејност)

Промоцијата е закажана за 23 ноември ( четврток ) 2017 година со почеток од 13:00 часот, во салон фоаје 2.