САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА АВТОРКАТА
МАРИЈА МИЦОВА ГАЦОВА
ВО НУЦК “Бели мугри” – Кочани
09.11.2017год. (четврток)
почеток: 19:30часот
Салон Фоаје 2

Марија Мицова Гацова – родена 1977 год. во Кочани.
Средно уметничко училиште завршува во ДСУПУ„Лазар Личеноски“ – Скопје, 1996 год.
Дипломирала 2001 год. на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на професор Рубенс Корубин. Добитник е на наградата „Ѓорѓи Зографски“ во средното уметничко училиште. Член е на ДЛУК и ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници – Кочани и Друштво на ликовни уметници на Р. Македонија).
Работи како ликовен педагог во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани. Ова е прва нејзина самостојна изложба, а има учествувано на повеќе грипни изложби.
Живее и твори во Кочани.