Филмот „Споменикот на Мајкл Џексон“ на режисерот Дарко Лунгулов ќе биде прикажуван во ЦК „Бели мугри“ во Кочани на 10, 11 и 12 декември. Проекциите ќе започнуваат во 19 часот, а цената на влезниот билет изнесува 60 денари.
Филмот е црна комедија, во која режисерот Лунгулов низ приказната на Берберот Марко се обидува да ни ја прикаже социјалната приказна на неколку карактери и нивната судбина во едно мало место на Балканот. Берберот Марко во еден момент се решава на очајнички потег да го спаси својот брак и со тоа да ја импресионира својата жена Љубинка, а воедно да го оживее своето гратче кое е на умирање, решава да му подигне споменик на поп идолот Мајкл Џексон.
Главните улоги ги толкуваат Борис Миливојевиќ и Драган Бјелогрлиќ, а една од главните улоги од кај нас ја толкува Тони Михајловски. Поомали, но значајни епизодни улоги од Македонија имаат Петар Мирчевски и Жаклина Стефковска. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Бранислав Трифуновиќ, Наташа Тапушковиќ, Мирјана Kарановиќ, Љубомир Бандовиќ. Филмот се снимаше во Србија и Македонија, а од Македонија во филмот учествуваа и сценографот Kирил Спасески, снимателот на звукот Игор Поповски, бум-операторот Дарко Бошковски, додека продуцент на филмот е Огнен Антов.
Kопродуценти на филмот се и Германија и Хрватска. Филмот е финансиски поддржан и од Филмскиот фонд на Република Македонија. Публиката во Македонија ќе го види филмот во почетокот на ноември