Дневникот на лудиот

Среда 6 ноември со почеток во 19 часот во НУЦК „Бели  мугри“ 

ДАЛИ ЛУЃЕТО САКААТ ДА ЈА СЛУШНАТ ВИСТИНАТА? ДАЛИ?!

Дневникот на лудиот од Николај Гогољ, во режија на Ѓорѓи Ризески, а во изведба на Бобан Алексоски

Инаку се работи за монодрама, претставата е работена пред три години како дел од независна продукција, после две годишна пауза на покана на театар Сенки и Облаци во Дебар Маало претставата се игра таму.

Дневникот на лудиот до сега има учествувано на четири театарски фестивали, Интернационалниот театарски фестивал на монодрама во Битола, МТФ Војдан Чернодрински Прилеп, на ИТФ Лица без Маски оваа година претставата освои награда за најдобар актер на фестивалот за Бобан Алексоски, на ИТФ БАТИФ Тирана, Албанија во 2017 година монодрамата освои две награди, за најдобар актер и најдобра режија на фестивалот за Алексоски и Ризески.

Аксентие Иванович го трча последниот круг на надежта, заедно со своите гости, кои ја слушаат и оценуваат неговата приказна. Секој во публиката размислува различно, а секој одговор му е важен на Аксентие за да продолжи да живее. Дали луѓето сакаат да ја чујат вистината? Дали?! „Дневникот на лудиот“ е провокативен текст, кој иако напишан во 1835год. е сеуште ужасно актуелен. Гогољ сака на некој начин да не’ разбуди од сонот, од кој сме сите заслепени во секојдневието, и проблемите околу социјалниот момент – трката во која живееме.

„Нашата претстава се занимава со тоа колку е важно да се има поддршка за да се успее во животот, колку сме виновни што сме добиле или не сме добиле од него. Разочарувањето не е одговор, има нешто среќно што го трагаме сите, но многу пречки што самите сме ги создале не ни дозволиле за да конечно го најдеме и му се радуваме до крај.” порачува екипата.

Бобан Алексоски дипломиран актер.
Ѓорѓи Ризески дипломиран режисер.